Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Реприза на 1/8 од минатата сезона, Вардар ќе игра со Висла Плок, откако Барса го победи Рајн-Некар
Реприза на 1/8 од минатата сезона, Вардар ќе игра со Висла Плок, откако Барса го победи Рајн-Некар

Реприза на 1/8 од минатата сезона, Вардар ќе игра со Висла Плок, откако Барса го победи Рајн-Некар

Вардар го освои треттото место во својата група, откако вечерва го победија Монпелје, а Барселона го совлада тимот на Рајн-Некар. Така црвено-црните за противник во 1/8 ќе ја имаат екипата на Висла Плоцк, која заврши како шестопласирана во групата А.

Рајн-Некар успеваше да одржи резултатска рамнотежа само едно полувреме, кога на одмор се замина со резулат 11:10. Во второто полувреме екипата на Барселона успева за краток период да дојде до предност од 18:12, што се покажа како клучна до крајот на мечот. Веќе е познат пласманот во групата Б. Барселона го освои првото место и обезбеди директен пласман во 1/4 рунда. Екипата на Киелце е второпласирана и за противник ќе добие екипа од послабите групи, Вардар рековме во 1/8 ќе игра со Висла Плоцк, како реприза на осминафиналето од минатата сезона, кога црвено-црните на реваншот во Скопје ги решија сите дилеми околу патникот во следната рунда. Четвртото место во нашата група, најверојатно ќе му припадне на Рајн-Некар, додека како петти е тимот на Пик Сегед. Последното место кое обезбедува пласман во 1/8 му припаѓа токму на вечерашниот наш противник.