Денес на теренот во Драчево, своето 24. првенствено коло го одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Шкупи.
Кадетите на Вардар успеаа да слават на ова гостување со резултат 1:3.
Вардар: Китановски, Николов, Митревски, Ѓурковски, Манасиевски (c), Цури, Спировски, Игнатов, Трајановски, Мицевски, Ангелковски.
По првото полувреме, вардаровите кадети имаа минимално водство од 0:1, откако во 40 минута од мечот, мрежата на Шкупи ја затресе Дамјан Трајановски. Овој резултат беше и актуелен на полувреме. По само три минути игра во вториот дел екипата на Шкупи успеа да стигне до израмнување на 1:1. Сепак вардарци беа многу подобри во остатокот од второто полувреме, заиграа поофанзивно на противничката половина, што даде резултат. По само една минута откако Шкупи го израмни резултатот, Вардар врати со погодокот на Иван Мицевски во 49 минута, додека конечните 1:3 на овој дуел ги постави Леонид Игнатов.
Во игра кај Вардар влегоа уште и Демири, Мирчевски, Зендели и Попоски.
Младинците исто така успеаа да освојат три бода на ова гостување кај Шкупи и тоа минимално со резултат 0:1. Стефан Наумчески беше играчот кој погоди на пет минути пред истекот на регуларните 90 минути.
Вардар: Андов, Радевски, Пешевски, Наумчески, Стојчевски, Велковски, Ѓорѓиески, Младеновски, Димоски, Божиноски, Тасев.