Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Карпош од Куманово е освојувач на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2004/05, Урдаревски го освои 3.место
РК Карпош од Куманово е освојувач на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2004/05, Урдаревски го освои 3.место

РК Карпош од Куманово е освојувач на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2004/05, Урдаревски го освои 3.место

Екипата на Карпош од Куманово ја освои „Јуниор Лигата“ за оваа натпреварувачка сезона кај генерацијата родени 2004/05 година. Тие во финалниот дуел беа подобри од екипата на РК Филип од Прилеп.

Кумановчани во целост ја оправдаа фаворитската улога, уште на стартот од дуелот избраниците на Миодраг Јовановски направија серија од 3:0, што беше знак за тренерот на прилепчани да побара тајмаут. На голот, Карпош го имаше одличниот Григор Трајковски кој исто така помогна во стекнатата предност, додека првиот гол РК Филип го постигна во 6 минута и тоа со удар од седум метри. Карпош сврза два гола и поведе со 5:1, додека Димевски Давид беше играчот кој го зголеми резултатот на 6:2. При предност на Карпош од 8:5, екипата на Филип пропушти можност да намали, односно голманот на Карпош имаше двојна одбрана. Тоа им се одмазди на прилепчани, екипата на Карпош беше во атак, до крајот на првото полувреме направија серија од 4:0 и на одмор имаа високо водство од 12:5.

2 7 8

Продолжи серијата на Карпош и во вториот дел кога Димевски со атрактивен гол зголеми на 14:5, по што беше познато кој на крајот ќе го подигне трофејот во оваа генерација. Во продолжение од мечот се играше гол за гол, а на крајот конечниот резултат гласеше 21:13.

Најефиксен во шампионскиотт тим беше Давид Димевски кој успеа да постигне 9 голови.

Екипата на Урдаревски успеа да го освои третото место, откако во малото финале ја совладаа екипата на Ангели. Гледавме израмнето прво полувреме, во кое ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол, а екипите се менуваа во водство, на полувреме резултатот беше израмнет на 7:7.

Победникот беше решен во првите пет минути од второто полувреме, кога екипата на Урдаревски направи серија од 0:5 и поведе со највисоки 7:12. За момент, екипата на Ангели намали на 9:12, но повторно се разигра Урдаревсски кога со серија од 1:6 отидоа на највисоки 10:18. Последните минути беа рутина, со оглед дека се знаше победникот во ова мало финале. На крајот триумф за екипата на Урдаревски, со резултат 14:19.

После одигрување на финалните натпревари на завршната церемонија беа доделени награди за најдобрите екипи, како и поединечните признанија.

60409234_2196138097099691_3535364271997190144_n

60029590_2196134830433351_5510334957915996160_n

3 4 5

 59788920_703737826723647_6148551455830704128_n