Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победи за пионерските екипи на ФК Вардар, на денешните дуели со Металург
Победи за пионерските екипи на ФК Вардар, на денешните дуели со Металург

Победи за пионерските екипи на ФК Вардар, на денешните дуели со Металург

Денес своите натпревари од 19 првенствено коло ги одиграа пионерските екипи на ФК Вардар. Тие гостуваа на екипата на Металург и двете забележаа победи.

Помладите пионери стигнаа до својата втора последователна победа во лигата. Избраниците на Сашо Јанев денес го совладаа и тимот на Металург, со резултат 3:5.

Металург беше екипата која прва го отвори резултатот на овој натпревар и поведе со 1:0. Сепак оваа негатива не не обезхрабри, напротив тргнавме фуриозно кон голот  на Металург. Во 29 минута, Вардарци израмнија со погодокот, кој беше дело на капитенот Филип Манасиевски, за израмнување на резултатот на 1:1. Црвено-црните во овој период од играта имаа поголем посед на топка и повеќе шанси. Една таква ја искористи Хасановиќ Малик кој во 33 минута ја тресе противничката мрежа, за прво наше водство од 1:2. Со овој резултат и се замина на полувреме.

На самиот старт на вториот дел, беше покажен удар од белата точка за противникот, кој успешно го реализира и го израмнува резултатот на 2:2. Вардар во продолжение од мечот покажа дека е подобриот тим и во 51 минута со првиот гол на Бојан Димоски го враќа водството од 2:3. Само 12 минути подоцна, односно во 63 минута следи и втор гол на репрезентативецот Димоски, кој погодува за 2:4. Точка на натпреварот, за разрешување на сите дилеми околу конечниот победник, стави Марио Илиевски, кој со првиот гол денес зголеми на 2:5, во 76 минута од натпреварорт. До крајот на натпреварот, Металург постигна гол за намалување на 3:5, што беше и конечен резултат на крајот.

ФК Вардар: Рамадани, Спировски Марио, Николов, Манасиевски, Апостоловски, Хасановиќ, Димоски, Спировски Мартин, Астарџиев, Хасиќ, Асенов.

Веднаш по нив на теренот излегоа и пионерските екипи на Металург и Вардар. И тука бевме подобри од противникот, каде само еден единствен гол го реши натпреварот. Голот за триумф на Вардар го постигна Фитор Реџепи во 26 минута од натшреварот. Со резултат 0:1 и заврши овој дуел, за нови три бода за црвено-црниот состав, кој е предводен од Сашо Тодоровски.

ФК Вардар: Тимевски, Радески, Стојчески, Пешевски, Ѓорѓиески, Димов, Филипоски, Адем, Реџепи, Стојановски, Битиќи. 

До крајот на сезоната остануваат уште три кола за одигрување. Во следното 20 коло, пионерските екипи се домаќини на тимот на Шкендија.