Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Победнички крај на сезоната за пионерите на ФК Вардар, кои денес ја совладаа екипата на Ренова
Победнички крај на сезоната за пионерите на ФК Вардар, кои денес ја совладаа екипата на Ренова

Победнички крај на сезоната за пионерите на ФК Вардар, кои денес ја совладаа екипата на Ренова

Денес на теренот на академијата се одигра последното 22 коло во првенството на младинските фудбалcки категории, кај генерациите родени 2000 и 2001 година.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Стојчески, Петкоски, Каркалашев-Трајковски Калчиноски, Наумчески, Антовски, Дарлишта, Стојановски, Филипоски, Благојевиќ. 

4

Пионерите на ФК Вардар на теренот на академијата за противник ја имаа екипата на Ренова, која ја совладаа со резултат 3-0. Освојувачите на купот за оваа сезона, тргнаа офанзивно кон противничкиот гол уште од првата минута на натпреварот. Првата прилика ја имаше Филип Антовски кој се обиде директно од слободен удар, кој заврши покрај голот на Ренова.Набргу го отворивме резултатот, кога Анел Калчиноски уфрли една топка во противничкиот шеснаесетник, таа стигна до Милан Благојевиќ кој немаше проблеми да ја смести во мрежата на гостинската екипа, за предност од 1:0. Денес одличниот Филип Антовски успева да го зголеми водството на 2:0, откако се сам направи со брз продор, кој шутираше прецизно за зголемена предност од 2:0.  Нова Акција на Вардар, кој ја започна Мартин Филипоски, кој асистира до Благојевиќ, кој од непосредна близина не успева да погоди. Продолживе со офанзивната игра, во нова шанса се најде Филипоски, кој со глава бие покрај голот на Ренова. До крајот на првото полувреме за одбележување е ударот на Антовски, кој голманот на Ренова успешно го брани. На полувреме се заминува со резултат со 2:0.

3

На стартот на второто полувреме беа направени дури седум измени во нашиот состав. Од игра излегоа Велковски, Стојчески, Филипоски, Благојевиќ, Калчиноски, Наумчески и Дарлишта. На нивно место влегоа Денковски, Пешевски, Радески, Адем, Реџепи, Бериша и Битиќи. Уште на стартот на вториот дел успеваме да го зголемиме водството на 3:0, со голот на нововлезениот Јакуп Бериша. Од корнер нафрли Антовски, на вистинското место се најде Берша кој со глава ја сместува топката во мрежата на Ренова.

2

И во вториот дел, црвено-црните имаа поголем посед на топка и создадоа уште неколку шанси за гол. Во прва прилика се најде и Фитор Реџепи, кој бие но голманот го брани неговиот удар. Доста активен во овој дел од мечот, беше Виктор Пешевски, кој имаше неколку удари кон противничкиот гол, од кои два успешно ги одбрани голманот на Ренова, додека еден заврши покрај голот. Следен кој се закани беше Филип Стојановски, кој шутира, но повторно голманот на Ренова го брани ударот. Последната добра прилика на натпреварот ја имавме преку Али Адем, кој ја погоди стативата од голот на гостинската екипа. На крајот конечниот резултат гласеше 3:0.

На тој начин, пионерите ја ѕавршија сеѕоната со победа и еден освоен трофеј во рамките на купот, каде во финалето ја совладавме екипата на Работнички.