Пионерите на Фк Вардар(у 17) со победа ја започнаа новата сезона во домашното првенство. Триумфот е уште посладок, бидејќи е забележан против градскиот ривал, екипата на Работнички. Само еден гол во мрежата на противникот го реши победникот на овој дерби дуел. Капитенот Рамиќ со удар од белата точка донесе три бода за својот тим.
Во еден пред се цврст и тежок натпревар, кој повеќе се играше на средината на теренот, црвено-црните го скршија мразот во последните дваесет минути од мечот. Противникот изненади со силниот отпор кој го пружи на нашите надежи. Сепак квалитетот на крај пресуди, кој беше на наша страна. Покрај голот, имавме уште 2-3 добри шанси за зголемување на предноста. Мечот се одигра на теренот на локомотива, по 40 минути во едно полувреме. Вардарци ги пронижија првите три бода, и во победничка атмосфера го очекуваат следниот натпревар.
Фк Вардар: Тимевски, Петковски, Стојчевски, Каркалашев-Трајковски, Рамиќ, Дарлишта, А. Ѓорѓиевски, Миљковиќ, Ристовски, Филипоски, Пешевски.