Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прв меѓусебен дуел на Вардар и Младост ЦД
Прв меѓусебен дуел на Вардар и Младост ЦД

Прв меѓусебен дуел на Вардар и Младост ЦД

За прв пат во својата историја силите ќе ги одмерат шампионот на Македонија екипата на  Вардар, и новиот прволигаш, кој за прв пат во својата историја игра во најквалитетната домашна лига Младост ЦД.
Натпреварот ќе се одигра утре во рамките на III коло од првата Македонска фудбалска лига. Ресенчани нема да имаат можност да му гостуваат на Вардар на најголемиот наш стадион во државава, поради јасните причини кој сите ги знаеме. Нашиот тим е голем фаворит, но како што изјави и нашиот играч Брдаровски во интервју за нашиот сајт, ќе влезат на овој дуел со голема почит кон противникот.

Натпреварот ќе се одигра од 16 часот и 30 минути во Ѓорче. Дојдете да го бодриме ФК Вардар кон нови победи. Напред Вардар, Вардар шампион!
Фото: fkvardar.mk