Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кристијан Чурлинов: Имавме добра игра, но ни недостасуваше малку среќа
Кристијан Чурлинов: Имавме добра игра, но ни недостасуваше малку среќа

Кристијан Чурлинов: Имавме добра игра, но ни недостасуваше малку среќа

 Започна сезоната 2015/2016 во првенството на младите фудбалски категории. Екипата на Вардар за противник во сите генерации, го имаа тимот на Работнички. Помладите пионери како дебитанти во лигата, ремизираа во градското дерби 1:1. Стрелец за црвено-црните беше капитенот Кристијан Чурлинов.

Како и секое градско дерби, така и ова беше жестоко, но пред се многу фер и коректно. Имавме добра игра во кој го контролиравме натпреварот, но сепак ни недостасуваше малку среќа. Ова ни беше прв меч во првенството и прекрасно е чуството да се одигра официјален натпревар, за тимот кој го сакаш.

Во прдолжение од сезоната очекуваме уште подобри игри и резултати за оваа млада генерација.

Благодарение на нашиот тренер Сашо Јанев, како екипа сме добро подготвени да одговориме на предизвиците во долгата сезона која следи. Мислам дека имаме тим, кој може да се бори за првото место, изјави капитенот Кристијан Чурлинов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски