Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски за Вардарфанс: Го респектираме Младост, но ние секогаш одиме на победа
Брдаровски за Вардарфанс: Го респектираме Младост, но ние секогаш одиме на победа

Брдаровски за Вардарфанс: Го респектираме Младост, но ние секогаш одиме на победа

Во рамките на третото коло од првата Македонска фудбалска лига, во недела на теренот во Ѓорче ќе се сретнат екипите на Вардар и Младост Царев двор. Црвено-црните се апсолутни фаворити на овој дуел, а таа улога треба да ја потврдат и на теренот. Еден од играчите кои го замени повредениот Хамбарѕумјан на мечот со Шкендија, е Владица Брдаровски кој за нашиот сјат ги изнесе очекувањата за следниот првенствен меч.

-Нормално дека одиме на победа во недела. Без оглед каде и со кого игра, Вардар секогаш ќе атакува на трите бода. Младост како тим го респектираме, тоа е екипа од спој на младост и искуство. Имаат неколку играчи кои освојувале титули со различни екипи. Но ние имаме свои планови, мотиви и одиме на триумф.

Вардарци во претходното коло забележаа голема победа, против својот најголем конкурент за титулата оваа сезона. Во Куманово беше совладан тимот на Шкендија со 1:3.

-Победата против Шкендија ни значеше многу, бидејќи беше многу важна за текот на првенството. Расположението во екипата е на големо ниво, а нашата форма како тече првенството ќе оди во нагорна линија, изјави Брдаровски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски