Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нашиот шампион високо поразен од ЦСМ Букурешт
Нашиот шампион високо поразен од ЦСМ Букурешт

Нашиот шампион високо поразен од ЦСМ Букурешт

Нашиот шампион Жрк Вардар доживеа тежок пораз на турнирот “Букурешт трофеј“ од домаќинот, екипата на Цсм Букурешт. Лошото прво полувреме, беше клучно за високиот пораз иако ни во вториот дел не одигравме ништо подобро. Бевме рамноправен противник само во почетокот на мечот, потоа Романките покажаа далеку подобра игра. На полувреме се замина со резултат 12:20.

Во вториот дел, продолжи слабата игра на нашиот тим во кој единствена светла точка беше повторно Амандин Лејно. Но што можеше да стори сама, на спротивната страна Букурешт погодуваше од секоја позиција. Во 35 минута веќе имаа и двоцифрена предност 14:24. Во следните 5 минути успеавме преку Лекиќ и Алтхаус да намалиме на осум гола негатива. Повторно следеше одговор од противникот, за нова висока позитива од 18:29. Кај Романскиот тим блескаше нивниот голман кој забележа многу успешни интервенции, кои беа надополнети со головите на Кармен Мартин. На три минути пред крајот, со погодокот на Дамњановиќ намаливме на 25:33. Конечниот резултат гласеше 28:35.

Вардарки утре ќе играат за трето место на турнирот. После овој натпревар се враќаат во Скопје.