Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во премиерниот настап во првенството, помладите пионери ремизираа со Работнички
Во премиерниот настап во првенството, помладите пионери ремизираа со Работнички

Во премиерниот настап во првенството, помладите пионери ремизираа со Работнички

Во премиерниот настап во домашното првенство, помладите пионери на Фк Вардар ремизираа во градското дерби со екипата на Работнички. Конечниот резултат беше 1:1. За нашиот тим погоди капитенот Кристијан Чурлинов, на спротивната страна стрелец беше Давид Тошевски. Натпреварот се играше на теренот на Локомотива, по 35 минути во едно полувреме.

Вардарци беа поквалитетен противник и имаа повеќе прилики за постигнување голови од противникот. На полувреме заминавме со предност од 1:0. Во вториот дел, Работнички го израмни резултатот на 1:1. Избраниците на Сашо Јанев имаа уште две одлични шанси да ја затресат мрежата на противникот. Најпрвин Мартин Спировски, а потоа и Виктор Петковски не успеаа дa ја погодат целта. Во двата наврати голманот на Работнички беше поуспешен. За прв официјален меч во лигата, нашите мади надежи одиграа одлично и покажаа карактер и зрелост, да се носат со било која друга екипа во домашните натпреварувања.