Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло за ФК Вардар генер. “2006„ во денешното коло од детската лига
Победничко коло за ФК Вардар генер. “2006„ во денешното коло од детската лига

Победничко коло за ФК Вардар генер. “2006„ во денешното коло од детската лига

Две нови победи за врдаровата генерација “2006„ во денешното коло од детската фудбалска лига. Избраниците на Филип Спасевски утрово на терените на ФФМ ги совладаа екипите на Шкупи и Скупи.

Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој со доминантна игра во текот на целиот меч ја победи екипата на Шкупи од Чаир. Конечниот резултат на овој дуел гласеше убедливо 8:0 во корист на црвено-црните. Уште во 2.минута од мечот најмладиот во оваа генерација, Петар Мицевски успеа да постигне гол и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Игравме многу офанзивно, а таквата игра ни овозможи многу шанси кон противничкиот гол. Нова прилика имаше Николовски Марко, откако додаде Алији, но топката заврши покрај голот. Голема прилика имаше Алтин Алији кога ја погоди само стативата, а во следната акција Нуман Ајетовиќ бие покрај голот на противникот. Беше прашање на време кога ќе постигнеме втор гол на мечот и тоа се случи набргу, кога водството од 2:0 го зголеми Алтин Алији.

3

На голот претходеше удар на Николовски, голманот одбрани, на одбиената топка натрча Алији, кој немаше проблеми од неколку метри да ја смести топката во мрежата. Во листата на стрелци се запиша и Марко Николовски, кој исто така погоди за 3:0. Екипата на Шкупи не се изнаигра многу на овој дуел, а нашиот голман Андреј Данстак беше без разбота, одлично функционираше дефанзивната линија, на чело со Јанкоски, Порчу и Ајетовиќ. Шансите продолжија за Вардар, а во добра прилика се најде и Порчу, откако биеше со глава после нафрлена топка од корнер, но овој пат сигурен голманот на чаирчани.

1

Повторно Алији со директен удар, но топката оди покрај голот. До крајот на првиот дел, избраниците на Спасевски уште на три пати ја тресеа мрежата на Шкупи. Марко Николовски постигнува и втор гол во тој момент и зголеми на 4:0, додека во следната добра акција втор гол на мечот и за Алтин Алији, кој донесе предност за својот тим од 5:0. Николовски и Алији денес одлично соработуваа, а доказ за тоа е уште една добра акција во која учествуваа овие играчи. Николовски асистира до Алији, кој погодува за 6:0 и за негов хет-трик по првиот дел.

4

Високата предност ни донесе мирна игра во второто полувреме, сепак Вардар не попушти и не дозволи опасности кон начиот гол. Мора да се напомене дека Шкупи немаше ниту една сериозна прилика за постигнување на почесен гол, што говори за одличната игра на вардарци на овој меч. Николовски беше играчот кој ги упати првите два директни удари во второто полувреме, кои завршија покрај голот. Сепак Марко Николовски денес покажа дека е расположен за игра, па му се придружи на Алији, со хет-трик и зад неговото име, зголемувајќи го резултатот на 7:0. Голеадата на денешниот дуел со својот четврт гол ја затвори Алтин Алији, кој погоди повторно и ги постави конечните 8:0 на овој натпревар од детската лига.

До победа во денешното коло стигна и екипата на Вардар (2) која беше подобра од тимот на Скупи. Првите 10 минути од мечот му припаднаа на противничкиот тим, кој имаше поконкретни шанси за отварање на резултатот. Се обидоа од прекин, но нивниот удар заврши над голот на Вардар. Имаа уште еден удар пред да постигнат гол, но одбрани нашиот голман, Дамјан Таневски. После една грешка на нашата последна линија во одбраната, противникот успеа да постигне гол и да поведе со 0:1.

7

Сепак од тие моменти заигравме подобро, а советите од теренот на тренерот Спасевски дадоа резултат. Вардар заигра подобро, но и многу поцврсто, а таквата игра на крајот ни донесе и бодови. Се обиде Максим Цониќ кој шутира покрај голот, како и Динов чиј удар го одбрани голманот на Скупи. Сепак после една добра акција, Динов асистира до Танчев, кој од непосредна близина постигна гол и го израмни резултатот на 1:1. Стрелецот на голот се најде во нова добра шанса, но шутира пребрзо само покрај голот, додека до крајот на првиот дел, црвено-црните прават резултатски пресврт и со голот на Максим Цониќ од голема далечина поведуваат со 2:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

5 6

Во вториот дел не видовме погодок, но Вардар имаше неколку шанси за зголемување на резултатот. Најголемата ја имаше Антони Динов кој ја погоди пречката од голот на Скупи и обидот на Танчев кој со глава бие покрај голот. За одбележување е и одбраната на Таневски, кој не дозволи резултатот да биде израмнет. На крајот триумф за Вардар со резултат од 2:1.