Кадетите на РК Вардар предводени од Будимир и Станковски денес во рамки на младинската лига дојдоа до победа кај скопскиот ривал Металург. Црвено-црните момци одиграа одличен меч, особено во вториот дел кога одигравме на ниво. Победата беше обезбедена со резултат 27-19.
Сино-белите на почетокот беа тимот кои имаа водство на овој дуел, тие поведоа со 2-1. Се играше борбено тој резултат стоеше на семафорот до 11.минута од дуелот. Потоа домашните водеа со 3-2, а на средината од првиот дел во 15.минута беше нерешено 4-4. Успеавме да одиграме добро во одбраната, иако бевме со помалку во поле, па со голот на Атанасовски Филип во 18.минута поведовме со 4-6. Домаќинот се обиде и успеаа да ја врати резултатската симтрија изедначувајќи на 8-8. Момците на Будимир одиграа еден крајно цврст прв дел. Во последните моменти од првиот дел постигнавме два голови во серија и поведовме со 8-10. Домашниот тим побара минута одмор, но во последните два напада нашиот голман Стојскоски успеаа да одбрани и со позитива од два погодока да го однесе дуелот на пауза.
Вториот дел почна со одлична игра на црвено-црните момци во одбраната, ги затворивме сите преоди кон нашиот гол на почетокот. Со двата гола во низа на Бојан Чакалиќ во 34.минута се одлепивме првпат на плус пет. Тој од пенал со силен удар погоди за 8-13. Домаќинот по 10.минути игра ја намали нашата предност на три погодока, во 40.минута на семафорот во Автокоманда стоеше 12-15 за момците на Будимир.
Но за само 120.секунди отидовме на плус седум, направивме серија 0-4 и со голот на Велимир Грујовски поведовме со 12-19. Домаќинот виде дека “ѓаволот ја однел шегата“ побара тајм-аут со цел да спаси што може да се спаси и да го прекине нашиот фуриозен налет на паркетот во Автокоманда. Сепак и тоа не го прекина нивниот “бродолом“ со голот на Димитријевски Дамјан во 51.минута поведовме со 13-22. Металург имаше 10.минути голгетерски “пост“ во 40.минута имаа 12 гола, а во дури во 50.минута го постигнаа нивниот 13.гол. Се беше решено околу победникот на овој дуел, умно и интелигентно го приведовме натпреварот кон крај. Победата беше обезбедена со резултат 19-27.
Ова беше втор последователен триумф за кадетите на РК Вардар во младинската лига, откако и во минатото коло на домашен терен бевме подобри од Јуниор К.В. На денешениот меч најефикасни во составот на Будмир беа Бојан Чакалиќ и Давид Савревски со по 5 голови.
Вардар: Атанасовски 2, Грујовски 1, Мирчевски, Мишевски 3, Савревски 5, Србиновски 2, Стојкоски, Трајановски, Трајчевски, Чакалиќ 5, Ангеловски, Димитријевски 4, Димчевски 1, Пешевски 1, Павловски 3, Трифуновски.
Фото: Iva Organdzieva