Пионерските екипи на ФК Вардар денес гостуваа во Тетово, на екипата на Шкендија, во рамките 11 првенствено коло. И двете екипи на Вардар доживеаа порази на гостувањето против нивниот конкурент за трофејот.
Помладите пионери во еден интересен натпревар со многу голови на крајот загубија со резултат од 3:2. Избраниците на Деспотовски има за што да жалат на овој меч, со оглед дека први успеаа да го отворат резултатот и да поведат со 0:1, со голот на Георг Стојановски во 17 минута. Сепак до крајот на првото полувреме домашниот тим успеа да постигне два гола и да направи целосен резултатски пресврт. Во 23 минута, екипата на Шкендија го израмни резултатот на 1:1, за во 33 минута да направи пресврт и да поведе со 2:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во 48 минута, Шкендија постигна трет гол и зголеми на 3:1, додека конечните 3:2 на овој дерби дуел ги постави Славче Живков во 54 минута од мечот.
Вардар: Стојковски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски, Стојановски, Мирков, Андрески.
Пораз претрпеа и пионерите на Вардар, кои се поразени од врсниците од Шкендија. Уште во 6 минута домашниот тим го отвори резултатот и поведе со 1:0, за конечните 2:0 да бидат поставени во 62 минута од мечот. Ова е втор последователен пораз за пионерите во лигата.
Вардар: Величкоски, Петејчук, Асани, Ѓурковски, Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Речица, Омерагиќ, Туша, Игнатов,