Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар оди на “поправен„ против Барселона
Вардар оди на “поправен„ против Барселона

Вардар оди на “поправен„ против Барселона

Денес со почеток од 19:00 часот во арената “Палау Блауграна„ ќе се одигра и вториот последователен натпревар помеѓу екипите на Вардар и Барселона во Лигата на Шампионите, но овој пат на теренот на противникот. Првиот меч во Скопје го доби Барса која славеше со резултат 26:30.

Немаше многу време за одмор, но да се надеваме дека тренерот Парондо и играчите имале доволно време за анализа од првиот дуел, каде сме грешеле и каде се слабостите на противникот, ако и речиси ги има овој тим. Избраниците на Чави Пасквал се наоѓаат во серија од шест последователни победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Парондо повторно има проблеми околу составување на екипата, ако се знае дека после првиот меч во Скопје, Мораес Фереира направи операција на коленото, после која следува период на рехабилитација и надвор од терените до крајот на годината. Од претходно е познато дека го нема ниту Сергеј Горбок, врз кој исто така беше направен оперативен зафат, а за Барселона не отпатува и Грегор Оцвирк кој имаше здравствени проблеми, од неодамна пристигна во Скопје, но не беше меѓу патниците за денешниот дуел.

Барселона ја прави фаворит и податокот дека на домашен терен во Лигата на Шампионите нема загубено меч речиси три години, последен во Палау Блауграна се израдувала екипата на Киелце, која успела да слави на овој “жежок„ терен. Сепак треба да бидеме оптимисти и да веруваме во победа на Вардар на овој меч. Црвено-црните покажаа оваа сезона дека можат на секој терен да издвојуваат победи, а такви беа напреварите на гостински терен против екипите на Монпелје и Веспрем. Последните два меча одиграни на теренот на Барселона, тимот на Вардар ги загуби, но минимално само со еден гол разлика, што дава уште поголема надеж за остварување на позитивен резултат.

Одбраната на Вардар ќе биде на тежок “испит„ повторно пред налетите на Мем, Палмарсон, Н“Гесан, Ентрериос и другите, додека се надеваме дека и во нападот ќе ги смалиме грешките од првиот меч, кога фрливме многу топки во аут. Се ндеваме дека ќе имаме и порасположени голмани, што е исто така еден од главните фактори за конечниот исхот. Перез Де Варгас беше одличен на првиот дуел, додека солидно издание на нашиот гол имаше и Дејан Милосављев. Останува да видиме вечерва како ќе се одвиваат случувањата на теренот, преку директен преност на Арена Спорт 2. Да се надеваме дека Вардар и неговите навивачи ќе бидат тие кои ќе се радуваат после завршување на натпреварот, кој според ЕХФ е прогласен за дерби на колото во ЛШ.