Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Деспина “лесен залак“ за одличните девојки на ЖРК Вардар
Деспина “лесен залак“ за одличните девојки на ЖРК Вардар

Деспина “лесен залак“ за одличните девојки на ЖРК Вардар

ЖРК Вардар успеаа да дојде до нова победа во Супер лигата, денес во С.Ц “Јане Сандански“ лесно го совладавме тимот на ЖРК Деспина. Вардарки триумфираа над прилепчанки со резултат 31-20 на дуелот одигран во “Јане Сандански“-Скопје.

a2

Отворивме на почетокот со голот на Николиќ Милица за почетни 0-1, потоа со добра игра во одбраната успеавме да се одлепиме и на 3-0. Противникот казни неколку промашени наши зицери и успеаа да намали на само гол предност 5-4 во 11.минута од натпреварот. Сепак набрзина се вративме во игра и отидовме на плус пет, со голот на Ивана Трпевска отидовме на “плус пет“ 9-4 во 14.минута. Веднаш потоа прилепчанки побараа минута одмор со цел да ја прекинат нашата серија. Но тоа не им донесе “бенефит“  ние влеговме во серија, 3-0 и со погодокот на  Гроздановска поведовме со 12-4 во 23.минута. Се играше доста неефикасно во вториот дел од првото полувреме со малку број на погодоци. На одмор заминавме со предност од седум гола, на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 13-6 за нас.

a3

Вториот период го отворивме со головите на Николиќ и Ана Марија Божиновска и набрзина поведовме со 15-6 по само 100.секунди ракомет. Со овие 9 гола позитива ги завршивме и првите 10.минути, кога преку контра Ивона Трпевска успеаа да погоди за 19-10.  Нашите девојки имаа комотна предност која дозволуваше поопуштена игра во продолжение.  Во последните 10.минути влеговме со намалена предност од седум гола, сепак доста комотна на семафорот стоеше 24-17 за црвено-црните. Во финишот повторно ние издоминиравме се вративме во ритам и со голот на Сара Миновска поведовме со двоцифрена преднст, резултатот  28-18 на 6.минути до крајот. Во последната минута ипол влеговме со резултат  31-20, промашивме два напада, а Грујовска го одбрани последниот обид на Деспина 4.секунди до крај.

a

Прв стрелец беше Трпевска Ивона со 7 гола апак  Милица Николиќ имаше 5 погодоци. Андреа Илиќ одбрани 6 удара, Грујовска Симона  исто така беше на ниво и дојде до бројката 5, третиот голман Трајкоска Јована  дуелот го заврши со само 2 одбрани.