Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло за Вардаровата генерација “2008“ во детската фудбалска лига
Победничко коло за Вардаровата генерација “2008“ во детската фудбалска лига

Победничко коло за Вардаровата генерација “2008“ во детската фудбалска лига

Победничко коло во детската фудбалска лига имаше Вардаровата генерација “2008“ која со двете свои екипи забележа победи.

13

Вардар (2) го доби својот натпревар против екипата на Драчево, триумфирајќи со резултат од 6:1. Уште по првото полувреме ја најавивме победата, кога имавме висока предност од 4:0. Голеадата на овој натпревар ја отвори Арти Азизи, кој успешно погоди за предност на Вардар од 1:0. Одлично играа избраниците на Неделковски на овој натпревар и не му дозволија многу на противникот да се изнаигра. Набргу стигна и вториот гол во мрежата на драчевчани, а стрелец на истиот беше Стефан Бранковски, за предност од 2:0. Доминиравме на теренот, што резултираше со нов гол, прв на мечот и за Матеј Киш, кој го зголеми водството на својот тим на 3:0.

2

Поради тоа што екипата на Драчево направи три корни, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Ненад Дамјаноски кој зголеми на 4:0. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Азизи, кој заврши покрај голот на Драчево.

Идентично на првото, така и второто полувреме со гол го отвори Арти Азизи, кој веќе носи убедлива предност на црвено-црните од 5:0. Мора да се напомене дека одличен гол на денешниот дуел, кој беше прв и единствен, постигна Драчево од слободен удар, кои ја заковаа топката под пречката од нашиот гол, за намалување на 5:1. Се обиде да врати Бранковски, но голманот одбрани. Ненад Дамјаноски врати со исто така убав гол од голема далечина над рацете на противничкиот чувар на мрежата, кој беше немоќен во својот обид да го обрани ударот.

4

Вардар (1) исто така триумфираше со резултат од 4:1. Противник ни беше екипата на Скупи, над која издвојувавме победа и оваа екипа на Вардар ја прекина серијата од неклку меча без триумф. На овој дуел за Вардар погодија Ненад Дамјаноски (2), Коста Бошковски и Бојан Пешов. Одличен ден за нашата генерација, која е актуелен освојувач на детската лига во оваа категорија на дечиња родени “2008“ година.