Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за најмладата генерација “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига
Победа и пораз за најмладата генерација “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига

Победа и пораз за најмладата генерација “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига

Денес на терените на ФК Работнички, генерацијата на ФК Вардар родени “2010“ година одиграа ново коло во детската фудбалска лига. Победа и пораз забележаа младите избраници на Зоран Петковски.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој го загуби својот меч, против екипата на Скупи. Иако имавме и предност по првото полувеме, најголем дел од играта и неколку добри шанси, сепак на крајот загубивме со резултат од 1:2. По првите 20 минути, Вардар имаше водство од 1:0, откако пртивничката мрежа ја погоди Петар Васовски. Во вториот дел погодивме и статива и имавме неколку обиди, кои голманот на Скупи успешно ги одбрани, за да стигне казна на спротивната страна. Тимот на Скупи постигна два гола за краткот временски интервал и на крајот славеше со резултат 1:2. До крајот на мечот обид имаше Васовски, кој остана без реализација.

1 2

Затоа “братскиот“ Вардар (1) денес имаше победничко коло, откако беа подобри од екипата на Фамос. Поради тоа што немаме класичен голман во оваа генерација, тренерот Петковски денес изротира тројца играчи-голмани, тоа беа Гечев, Трајков и Ристиќ, кои може да се каже дека одлично си ја одработија голманската работа. Првиот удар кон противничкиот гол, го имаше Константин Трајков, но голманот на Фамос го одбрани ударот. Црвено-црните успеаа да го отворат резултатот и со голот на Дарио Илиќ да поведат со 1:0. Удар имаше и противничката екипа, но голманот, Гече успешно одбрани. Уште една прилика имаше Фамос, но овој пат на голот беше Трајков, кој исто така спречи израмнување.

3 5

Многу брзо во второто полувреме ги разрешивме сите дилеми околу конечниот победник, кога за водство од 2:0 и 3:0 погоди Константин Трајков, што веќе може да се каже дека имавме солидно водство, кое ни донесе мирна игра во продолжение од натпреварот. Истиов играч можеше да дојде до хет-трик, но голманот на противникот не дозволи поголема негатива. Своите голмански способности ги испроба и Стефан Ристиќ, кој покрај постигнување на голови, одлично се снајде и во улога на голман, кој одбрани една топка на Фамос. До крајот на мечот, сепак Фамос постигнува почесен гол, за конечен резултат од 3:1