Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар и Работнички ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1
Младинците на ФК Вардар и Работнички ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1

Младинците на ФК Вардар и Работнички ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 1:1

Младинското фудбалско дербри, помеѓу Вардар и Работнички заврши без победник. откако двете екипи одиграа со нерешен резултат од 1:1.

Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Наумчески, Димов, Петкоски, Антовски, Ѓорѓиески, Реџепи, Милковски, Бериша, Колевски, Абдулхади.

Првата закана кон еден од головите ја имаше екипата на Работнички, но напиот голман Велковски го одбрани ударот. Мора да се напомене дека Методија Велковски е најзаслужен што по првото полувреме немавме поголема негатива, со оглед дека спаси неколку добри шанси на противничкиот тим. Вардар најсериозниот удар да го отвори резултатот го имаше преку Бојан Колевски, кој шутираше покрај голот на Работнички. Противникот пред да го постигне голот имаше две изгледни прилики, но како што напоменавме Велковски спречи негатива. Сепак не можеше да го одбрани ударот во последните пет минути, кога по една голема грешка на нашиот капитен, Наумчески, еден од играчите излегува сам со нашиот голман, кој ја смести топката во нашата мрежа, за предност од 0:1.

1

На стартот на второто полувреме црвен картон за еден од играчите на Работнички, кој удри наш играч без топка, по што судијата покажа директен црвен картон. Набрзина стигна израмнувањето, откако Филип Антовски биеше речиси од половина терен, поради несмасност на противничкиот голман, кој не реагираше добро, екипата на Вардар успева да го израмни резултататот на 1:1. Следните две прилики беа за Јахја Абдулхади, кој еднаш биеше над гол, а во другиот обид шутираше покрај голот на Работнички.

2

Прва измена направена кај нашите редови, од игра излезе Петкоски, на неговото место е Александар Трајчевски. Повторно во добра позиција се најде Јахја Абдулхади, кој шутираше над голот. Втора измена во нашите редови, на местото на Абдулхади, во игра е Оливер Дишлиевски. Во прилика се најде и Александар Трајчевски кој бие, но брани голманот на Работнички. Поради втор жолт картон, играта кај нас мораше да ја напушти Христијан Димов, по што се изедначија силите на теренот. Противникот имаше голема прилика да постигне гол и да го добие овој дуел, но нивниот удар за малку покрај голот на Велковски. На крајот можеби реален резултат на ова младинско дерби и конечен резултат од 1:1.