Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на РК Вардар Виница и РК Делчево триумфираа во Јуниор лигата во дуелите во генер.2004/05
Девојките на РК Вардар Виница и РК Делчево триумфираа во Јуниор лигата во дуелите во генер.2004/05

Девојките на РК Вардар Виница и РК Делчево триумфираа во Јуниор лигата во дуелите во генер.2004/05

Во салата “Кале“ денес  се одиграа нови дуели од Вардар Јуниор ракометната лига,  се одиграа два меча кај дамите во генерација родени 2004 и 2005 година. Во истите до победа дојдоа  екипите на РК Вардар Виница и РК Делчево Вардар.

РК Вардар Виница дојде до победа во дуелот со РК Асови со резултат 25-17 (11-7). Први со гол дуелот го отворија виничанки кои поведоа со 1-0, нивниот ривал веднаш врати и изедначи на 1-1, а потоа повторно беше на семафорот резултатска симетрија 2-2.  Со серија 3-0 потоа, РК Виница првпат поведе со “три плус“ во 7.минута од дуелот, 5-2. Во следните десетина минути двата тима беа рамноправни, двете женски екипи во мрежата на противникот постигнаа по четири гола за резултат  9-6 во корис на девојките од Виница. Во финишот Виничанки успеаа додатно да ја зголемат предноста и на одмор заминаа со четири гола позитива, 11-7.

0z

Вториот дел почна со гол за намалување од страна на Асови кои намалија на 11-8, а виничанки вратија и зголемија на 12-8.  Девојките од екипата  на РК Асови Вардар не сакаа да се предадат, тие со серија 0-3 успеаа да внесат неизвесност и дојдоа на гол негатива, 12-11. Сепак поискусната екипа од Виница успеа да ја надмне кризата, направи серија 5-1, со која направи клучна разлика поведувајќи со 17-12. По овој момент веќе беше познат победникот, Асови немаа сила да парираат во прдолжение, виничанки од минута во минута го зголемуваа додатно водството, тие на крајот победија со 25-14. Кај победникот Ѓорѓиева беше прв стреле со 6 гола, кај поразените блесна Мицковска која имаше дури 10 погодока.

00000000000000

Во вториот дуел РК Делчево Вардар дојде до триумф во дуелот со девојките на РК Драчево Вардар со 22-1. Први со гол дуелот го отворија делчевки кои поведоа со 1-0 на почетокот од овој дуел. Веднаш врати тимот од Скопје кој изедначи на 1-1. Потоа следуваше голејада на делчевки кои постојано погодува, а не примија ниеден гол. На одмор се замина со двоцифрена предност за делчевки, на семафорот во салата “Кале„ стоеше 11-1 за девојките од источна Македонија.

00000

Вториот дел почна неефикасно по пет минути ниту една од двете мрежи не се тресеше, имаше технички грешки и неколку одбрани на голманите на двете екипи. Прв гол во 26.минута од дуелот го постигнаа делчевки кои поведоа со 12-1.  По ова стрелците од Делчево се “распукаа“ до крајот постигнаа уште 10 гола, со тоа тие триумфираа со 22-1. Кај победникот прв стрелец беше Георгиевска која даде 6 гола, а 5 погодоци имаше Јанковска ,единствениот гол за поразениот го постигна Сара Петковска.