Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометното “Ел класико“, Вардар – Рајн Некар, судир на двете непоразени екипи во борба за првото место
Ракометното “Ел класико“, Вардар – Рајн Некар, судир на двете непоразени екипи во борба за првото место

Ракометното “Ел класико“, Вардар – Рајн Некар, судир на двете непоразени екипи во борба за првото место

Ракометното “Ел класико“ се игра вечерва во рамките на најсилната група А од лигата на шампионите, на кое се среќаваат екипите на Вардар и Рајн-Некар. Почетокот на овој дуел е од 17:30 часот.

Следните два натпревари на овие две екипи, можат во да дадат приличен патоказ, каков ќе биде пласманот на двата тима на крајот од групната фаза. Вардар и Рајн-Некар, заедно со екипата на Монпелје од послабите групи се единствените кои се уште ја немаат почуствувано горчината на поразот во оваа натпреварувачка сезона. Црвено-црните се лидери во групата со шест победи и еден нерешен резултат, додека денешниот противник дури на три пати играше без победник и тоа на двата меча против екипата на Барселона и на гостувањето во Франција, каде ги поделија бодовите со Нант.  Минатата сезона по една победа им припадна на двете екипи и тоа интересно на гостински терен. Најпрво Вардар му нанесе пораз на бундеслигашот на нивни терен, за неколку дена подоцна, Рајн-Некар да го возврати ударот и да го врати брејкот на победи.

Минатата сезона, лавовите од Манхајм стигнаа до најдобрите 16 екипи во лигата на шампионите, каде беа елиминирани од нивниот ривал, екипата на Кил, иако по првиот меч одигран на гостински терен имаа нерешен резултат, сепак пред својата публика го загубија мечот и ги завршија настапите во најголемото ракометно натпреварување. Што се однесува до промени во составот, германскиот бундеслигаш го засилија бекот Кристијан Близнак, кој дојде од екипата на Елверум, потоа крилото Џери Толбринг кој пристигна од Кристијанштад, како и српскиот репрезентативец и лев бек Момир Рниќ кој дојде од бундеслигата, од екипата на Мелсунген. Момир Рниќ е замена за шведскиот репрезентативец, Егдал ду Рие кој реши предвреме да ја заврши својата играчка кариера. Ново засилување е и крилото Богдан Радивојевиќ, кој по четири сезони го напушти Фленсбург и се пресели во Ловен.

Рајн-Некар доаѓа во Скопје со пораз, кој го доживеа во бундес-лигата и тоа од екипат на Мелсунген, кој ја прекина нивната неверојатна серија од девет последователни победи во првенството, нанесувајќи им го на тој начин вториот пораз, откако првиот го доживеаа дури во второто натпреварувачко коло. Избраниците на Николај Јакобсен веќе еднаш го победија Вардар и тоа на турнирот во организација на Гумерсбах, каде слаева убедливо со 25:34. Сепак тоа беше само подготвителен период за нашиот шампион, кој ја подготвуваше екипата за новата сезона. Избраниците на Гонзалес се уште немаат пораз на официјалните мечеви оваа сезона. Во СЕХА-лигата имаме седум последователни победи, на нив додавајќи ги шестте од ЛШ и една од супер купот на Македонија, пто говори за извонредната форма во која се наоѓаме. Под знак прашалник за овој дуел е настапот на Циндриќ, додека останатите играчи се ставаат на располагање за овој дуел. Дополнителна причина за Вардар да слави се нивните навивачи, популарните Комити кои утре го прославуваат својот 30-ти-роденден. Триумф не носи и чекор поблиску до првото место, по завршување на групната фаза, кое носи директен пласман во четврфиналето. Не е исклучена можноста, Рајн-Некар да ја игра истата игр од минатата сезона, кога во Скопје не совлада со тактиката 7 на 6 во нападот, за која сигурни сме дека Гонзалес има решение и одговор.

Како и да е не очекува атомски ракомет, натпревар кој ЕХФ го прогласи за дерби на колото. Очекуваме добра игра од нашиот шампион и продолжување на победничката серија.