Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Почина Мирко Илиевски, играч кој го освои Купот 1961, постигна гол и имаше асисенција во финалето

Почина Мирко Илиевски, играч кој го освои Купот 1961, постигна гол и имаше асисенција во финалето

21212121-296908

Мирко Илиевски беше еден од најзаслужните фудбалери за освојување на Националниот Куп на поранешна Југославија со тимот на Вардар во 1961-та година.

На финалниот натпревар против Вартекс во Белград, Илиевски беше асистент при постигнувањето на првиот и стрелец на вториот погодок на натпреварот што заврши со резултат од 2:1 и му овозможи на ФК Вардар да стане шампион во купот на поранешната Југославија.

Популарниот Брбале, како што беше познат меѓу вардаровите фудбалери и симпатизери, за тимот на Вардар настапувал 8 сезони од 1956 па се до 1964-тата година. Има одиграно вкупно 325 натпревари со постигнати 89 погодоци. Исто така Илиевски настапувал и во двата премиерни натпревари за Вардар на европската сцена.