Вчера, женската сениорска репрезентација на Македонија ги отвори квалификациите за бараж за СП со победа. Црвено-жолтите девојки триумфираа со резултат 24:17 против Исланд.
За целосен успех треба да сме на едно од првите две места во групата. Денес не очекува дуел со тимот кој вчера забележа победа Литванија, а утре играме против Грција.
Со Исланд тргнавме лошо во првата половина од полувремето губевме со 7-2, се издигнавме и изедначивме на 8-8. Со серија 3-0 дојдовме до предност од 11-8 за време на паузата помеѓу двата периода на дулот кој се играше во СЦ „Борис Трајковски“. Во вториот дел одигравме на ниво, успеавме да ја одржуваме позитивата и победивме со резултат 24-17 на оваа средба.
Единствената вардарка во оваа селекција, пикерот Ивана Џатевска го започна дуелот. Таа ја одигра првата четвртина од напреварот во два правци, нападот и одбраната.
МКД-Серафимова (9 одб.), Мицевска, Јовановска, Кипријановска, Стојановска 1, Гакидова, Боризовска 1, Џатевска, Тасевска, Ѓорѓиевска 6, Ристовска 11, Ливриниќ, Стојковска 2, Дабевска, Гичевска 3, Николиќ.
фото:гол.мк