Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Почнува првото пролетно коло за фудбалските Вардарови генерации
Почнува првото пролетно коло за фудбалските Вардарови генерации

Почнува првото пролетно коло за фудбалските Вардарови генерации

Како предигра и увертура на големото Македонско вечно дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер во недела, истиве екипи ќе се сретнат и во дуелите на младинските категории.

-Помладите пионери ќе бараат одмазда за првиот првенствен пораз што го доживеаа од Пелистер на домашен терен. Но сега ситуацијата е сосема обратна, избраниците на Сашо Тодоровски се наоѓаат во одлична форма и немаат забележано неуспех на последните девет првенствени и четири куп натпревари. Ако тука се додаде убедливата победа од купот во средата против Македонија Ѓ.П, и подготвителните натпревари со право можеме да сметаме на победа на Вардарци. Напреварот се игра во недела на теренот на Пелистер.

-Викендов во Битола, ќе гостуваат и пионерите на Вардар ,каде ќе бараат утеха од поразот во купот во средата. На првиот напревар одигран во Скопје, пионерите забележаа убедлива победа со резултат 4:1.

-Најдобрата Вардарова генерација во есенскот дел, кадетите го почнуваат походот кон освојување на титулата, токму против најголемиот ривал, екипата на Пелистер. Оваа екипа се наоѓа на првото место на табелата, и во мечот влегува во одлично расположение и победнички карактер. Натпреварот се игра во недела на теренот на локомотива. На првиот меч во Битола, нашите момци забележаа победа со 0:2.

Во недела со почеток од 14:00 на теренот на Локомотива, свој натпревар ќе одиграат и младинците на Вардар и Пелистер. Се очекува победа на Вардарци, според формата во која се наоѓаат. Во средата забележаа победа во купот, а се очекуваа победничката серија да продолжи и на овој дуел. Во првото есенско коло, избраниците на Петар Ѓоргиевски забележаа убедлива победа во Битола со резултат 1:3.
Во недела бидете на теренот на окомотива и подржете ги кадетите и младинците на Вардар во нови победи.