Снегот во државава не престанува да паѓа, па токму затоа е под голем прашалник утрешниот дуел на Вардар и Пелистер како и сите останати.
Арената е целосно покриена со снег. Иако сеуште нема официјални информации, постои голема веројатност дека сите дуели утре ќе бидат одложени.
Можеби ова е добар податок за Вардар, ако се знае дека екипата каснеше со подготовки. Сепак останува да сочекаме и утре да добиеме официјални податоци. Ќе се знае на три часа до почетокот на дуелот.