Атлетичарот на атлетскиот клуб Вардар Петре Завировски подолг период се подготвува за сезоната 2021г. Тој за Вардар Фанс даде осврт на досега одработеното како и плановите за претстојната атлетска сезона која треба набргу да започне.
Изминатиот период тренирам добро, задоволен сум од напредокот на мојот фитнес левел. Се чувствувам добро на тренинзите, интензитетот како и обемот е добар. Во првиот дел од сезоната ќе се задржам на трките до 21км. Ќе биде тешко но во моментов мислам дека сум добро подготвен. Ќе се обидам да истрчам полумаратон под 1 час и 20 минути. Всушност тоа е мојата цел за пролетниот дел од сезоната. Но целиот мој фокус е насочен кон соборување на Маратонската делница од 42км. Навистина е многу тешко да се одработат подготовки за маратон и истиот да се истрча. Но зошто да не. Во текот на целата година ќе работам напорно и доколку бидам подготвен наесен ќе се обидам по трет пат во кариерата да истрчам Маратон. Изминатите 4 месеци со малку поголеми корекции во пристапот тренирам добро и бележам значаен напредок на мојата форма. Имаме проблеми со пандемијата но се надевам дека се ќе биде во ред и според атлетскиот календар ќе се одвиваат натпреварите оваа сезона-вели Завировски.
Да потсетиме на најдобрите резултати на Завировски во кариерата 3.000m 9:32
5.000m 16:31
10.000m 35:47
21.097km 1:17:10
5km 17:00
10km 35:30
30km 2:04:59
42km 3:26:26