Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО: Одложени се останатите пет натпревари од првото пролетно коло, вечното дерби ќе се игра следниот викенд
ОФИЦИЈАЛНО: Одложени се останатите пет натпревари од првото пролетно коло, вечното дерби ќе се игра следниот викенд

ОФИЦИЈАЛНО: Одложени се останатите пет натпревари од првото пролетно коло, вечното дерби ќе се игра следниот викенд

Вчера стартуваше пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, со натпреварот меѓу екипите на Пандев и Работнички. Иако во снежни услови, сепак се одигра овој дуел кој заврши во корист на гостинската екипа. Сепак поради обилните врнежи од снег кои продолжија во текот на вчерашниот ден, како и во ноќта, комисијата на ФФМ реши да ги одложи останатите пет натпревари.

Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во ПМФЛ што требаше да се одиграат денеска ги одложува за следниот викенд“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.