Денес во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар се домаќини на Пик Сегед, на натпревар од групата А во Лигата на Шампионите.
Црвено-црните ќе се обидат да ја прекинат серијата од три последователни порази во ЛШ и да се вратат на победничките патеки, додека Пик Сегед доаѓа во Скопје после победата против екипата на Порто. Во досегашниот дел од сезоната, Вардар одигра шест натпревари, на кои оствари една победа, нерешен резултат и четири порази, додека Пик Сегед на осум одиграни дуели забележа три победи и пет порази.
Двете екпи одиграле единаесет меѓусебни дуели, а нашиот шампион има позитивен скор во дуелите со овој противник. Дури шест победи за црвено-црните, два им припаднале на унгариците, додека два меча завршиле со нерешен резултат. Вардар никогаш нема загубено на домашен терен од денешниот ривал, додека последен пат ги елиминиравме во 1/4 финалето на ЛШ во сезоната 2018/19. Нивните натпревари секогаш имаат посебен „жар“ присутните навивачи давале посебен „шмек“ на овие дуели, но сега нив ќе ги нема на трибините. Сегед располага со одличен тим, во кој најдобри стрелци се Банхиди со 32 голови, како и поранешниот вардарец, Кањелас со 31 постигнат гол.
Вардар се бори за подобар пласман во групната фаза, од ЕХФ и официјално објавија дека сите 16 екипи во групната фаза ќе се пласираат во осмина-финалето, а противникот во следната елиминациска рунда ќе зависи од конечниот пласман на екипите, иако Вардар може и службено да ги добие натпреварите кои беа одложени.
Тренерот Алушовски го има нa располагање целиот состав, единствено е непознато дали Дисингер ќе биде дел од тимот на овој натпревар кој својот почеток го има од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански.