Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонија У-21 денеска со важен натпревар

Македонија У-21 денеска со важен натпревар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, денеска ќе го одигра клучниот натпревар за пласман на ЕП. Нашите млади надежи по одличната игра и победа над Шкотска, ќе имаат задача и на денешниот натпревар да прикажат одлична, но пред се борбена игра, нешто што ги краси низ овие квалификации.

Многу важна вест пред денешниот натпревар е таа дека, голманот на ФК Вардар, Игор Алексовски е ”фит” и ќе може да застане помеѓу стативите и на овој натпревар. Како и на минатиот, така и на овој натпревар, во стартниот тим на Милевски секако дека ќе има место и за триото наши играчи: Алексовски, Велковски и Николов. Се очекува Петар Петковски да биде на клупата за резерви.

Натпреварот против Северна Ирска започнува во 18 часот и 45 минути, на Градскиот стадион во Скопје. Цените на билетите се по цена од 100 денари.