Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се враќа градската пресметка, Вардар на ”мегдан” со Металург
Се враќа градската пресметка, Вардар на ”мегдан” со Металург

Се враќа градската пресметка, Вардар на ”мегдан” со Металург

Вечерва шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар ќе го одигра вториот натпревар во рамките на СЕХА лигата. Нашите момци, по несреќното реми против Брест Мешков, денеска ќе атакуваат на првата победа во новата сезона. На првиот официјален натпревар, пред јавноста се појавија новите лица Кањељас, Борозан и Рожерио, додека пак Иван Чупиќ не настапи. Исто така на тој натпревар недостасуваа многу првотимци на Вардар: Карачиќ, Македа, Деревен, Чупиќ и тн. Се очекува вечерва да настапат сите овие играчи.

Вардар и Металург минатата сезона не се ”судрија” во СЕХА лигата, бидејќи тимот на Металург не настапи во истата, туку тимот на Зомимак ја преставуваше Македонија како втор учесник. Според денешниот прес на тренерот Гонзалес и Карачиќ, иако Вардар е голем фаворит, се очекува една цврста и динамична игра и на двата тима. Се надеваме дека нашите момци ќе се покажат во вистинско светло пред домашната публика. Поради црвениот картон, во тимот ќе недостасува Стојанче Стоилов.

Натпреварот започнува во 20 часот и 30 минути. Овој натпревар ќе биде одигран во СЦ. ”Борис Трајковски”, а билетите се по цена од 60 денари.
Дојдете да навиваме за нашиот тим!