Според планот за подготовки црвено-црни момци почнуваат на 8 јануари 2017 година. Прв фаза ќе се одвива во тренинг кампот на ФК Вардар.
На 8-ми екипата ќе го има првиот тренинг, со што и официјално ќе се почне со работа. Според праксата на 5 и 6 јануари, момците ќе ги имаат задолжителните лекарски прегледи. Според информацијата од клубот се вели дека во главниот град ќе се тренира во тренинг кампот на Вардар до 21 јануари, а на тој ден „црвено-црната“ експедиција заминува на зимски подготовки во Анталија, Турција. Таму екипата ќе остане до 11 февруари, за кога е планирано враќањето во Скопје. На подготовките во Турција Вардар ќе одигра неколку меѓународни пријателски натпревари, а противниците ќе бидат објавени во следниот период на нашата официјална веб страница, исто како и хотелскиот комплекс каде што ќе се престојува во Анталија.