Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно и Лакрабер се закитија со бронзениот медал од ЕП во Шведска
Лејно и Лакрабер се закитија со бронзениот медал од ЕП во Шведска

Лејно и Лакрабер се закитија со бронзениот медал од ЕП во Шведска

Репрезентацијата на Франција е бронзена на европското првенство, кое изминатиов период се играше во Шведска. Тие во борба за третото место беа подобри од селекцијата на Данска.

Франција имаше одличен старт на мечот поведувајќи со 0:4 во првите пет минути од натпреварот. Во продолжение од натпреварот се игра гол за гол, а триколорите го одржуваат почетното водство. На пет минути пред крајот на првиот дел, Франција стигнува и до највисоки шест голови разлика (6:12). Оваа предност Франција ја одржува до крајот на првиот дел, кога по 30 минути игра се заминува со резултат 9:14

stef5557_336015_5856b03be

На стартот на вториот дел, Данска со удар од седум метри го намалува резултатот на 10:14. Франција ниту по 5 минути игра не успева да постигне гол, тоа го казнува Данска која со уште еден гол намалува на 11:14. Конечно по шест минути игра во вториот дел, Франција го пронаоѓа патот кон мрежата на Данска и со голот на Минкое ја прекинува серијата без погодок. Среќна околност за триколорите е што ја имаа расположената Клосер на голот, инаку предноста ќе беше драстично намалена. Тоа го искористува Лакребер која со гол од седум метри сеуште одржува солидно водство за Франција. Данска прв пат на натпреварот успева да се доближи резултатски и по 42 минути игра д аима само еден гол негатива (15:16). На осум минути пред крајот Лакрабер постигнува важен гол, за предност од 17:19. Во следниот напад и Дембеле од својата позиција реализира за значајно водство од 17:20, во моментите кога се кршеше резултатот. Франција прави голем исчекор кон победага, постигнува нов гол и зголемува на 18:22 на пет минути пред крајот. До крајот Франција го одржуваше водството и славеше со резултат 22:25. За најдобар играч беше прогласена голманката на Вардар, Амандин Лејно која го заврши натпреварот со 10 одбрани. Лакрабер постигна 3 голови во победата на Франција.

На тој начин Франција на Лакрабер и Лејно го освои бронзениот медал на Европското првенството