Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските екипи ќе ги имаат последните подготвителни натпревари, против Брегалница и Шкендија
Младинските екипи ќе ги имаат последните подготвителни натпревари, против Брегалница и Шкендија

Младинските екипи ќе ги имаат последните подготвителни натпревари, против Брегалница и Шкендија

Младинските екипи на ФК Вардар ќе ги одиграат последните подготвителни натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната. За претстојниов викенд се закажани натпревари со екипите на Брегалница и Шкендија, кои ќе се одиграат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром.

Во сабота, пионерските екипи ќе имаат натпревари со екипата на Брегалница, додека во недела гостин на кадетите и младинците ќе биде Шкендија. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 ( помлади пионери и кадети) и 12:00 часот ( пионери и младинци).