Финишираше турнирот “Фер Плеј куп“, кој од 19-21-ви август се играше во Охрид. На него настапија три Вардарови генерации, кои освоија две први и едно второ место. Генерација родени “2005“ го освои второто место, додека генерациите “2006“ и “2007“ завршија како прво пласирани. По одигрување на сите финални мечеви и оние за трето место се пристапи кон свечено затварање на турнирот и доделување на наградите за најдобрите екипи, како и признанијата за најдобри поединци. Се избираше најдобар голман, стрелец и играч.
Најмногу награди им припаднаа на Вардаровата генерација родени “2007“ година. Лука Јанески дојде до ново големо признание, откако беше прогласен за најдобар голман во својата категорија. Стефан Младеновски е најдобар стрелец, додека најновото засилување во новото сезона за Вардарци, Александар Грашески го доби признанието за најдобар играч на завршниот турнир.
Генерација “2006“ го освои првото место, со победата во финалето против екипата на Кикер Краљево (3:2). Тука добивме награда за најдобар играч и тоа за Марко Николовски, кој според прикажаните игри повеќе од очекувано ја доби оваа награда.
Поединечна награда имаше и кај генерацијата “2005“ и тоа за најдобар стрелец беше прогласен Никола Величковски кој постигнуваше голови речиси на секој меч на неговата екипа. На тој начин заокруживме уште едоно успешно издание на овој силен меѓународен турнир, на кој учествуваа голем број на екипи од Балканските земји.