Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две први и едно второ место за Вардаровите екипи на силниот турнир “Фер Плеј куп“

Две први и едно второ место за Вардаровите екипи на силниот турнир “Фер Плеј куп“

Младите надежи на фудбалскиот клуб Вардар, генерациите родени “2005“ “2006“ и “2007“ година освоија две први и едно второ место на силниот меѓународен турнир “Фер Плеј куп“, откако ги одиграа своите финални мечеви.

Први кои го одиграа големото финале, беше Вардаровата екипа, момчиња родени “2006“ година. Тие во финалниот меч за противник ги имаа врсниците од екипата Кикер Краљево. Поуспешни на крајот беа избраниците на Филип Арсовски со резултат 3:2. Се играше возбудлив натпревар со шанси на двете страни. Нашите млади надежи мотивирано влегоа во дуелот и по првото полувреме исто така имаа предност. Резултатот во овој дел од натпреварот беше 2:1. Во второто полувреме, двете екипи постигнаа по еден погодок, што беше доволно за црвено-црните да слават во големото финале. Никита Патаровски, Давид Голубов и Марко Николовски беа стрелци на головите за Вардар.

vardarfans sampioni 2006

Шампионите на Македонија за изминатата сезона, кај генерација родени “2007“ година, екипата на Вардар исто така беше убедлива во големото финале против екипата на Фер Плеј. Избраниците на Зоран Петковски ја покажаа својата надмоќ на овој натпревар и речиси во текот на целиот меч ја контролираа играта на теренот и имаа целосна офанзива кон противничкиот гол. Таквата игра и желбата за победа на крајот резлтираше со висока победа од 4:0. По првото полувреме имавме минимална предност од 1:0. Стефан Младеновски постигна два гола, додека по еден беа дело на Александар Грашески и Марко Киш.

vardarfans sampioni 2007

Во финалето кај генерација родени “2005“ се сретнаа екипите на Вардар и Фер Плеј. Тука можевме да проследиме одлична атмосфера од трибините. Откако нивните помали другарчиња од 2006 и 2007 го освоија трофејот, останаа на трибините да им ја дадат својата подршка на другарчињата од генерација “2005“. Првиот обид кон еден од головите го имаше токму Вардар. Во првиот дел гледавме цврст меч на двете страни, без некои посериозни шанси за загрозување на голот. Се закани и противничката екипа кон нашиот гол, но ништо посериозно. Во наредниот период, црвено-црните ја имаа доминацијата на теренот и се обидуваа да го отварат резултатот. Имавме два удари, од кои едниот заврши во рацете на голманот, додека другиот заврши покрај противничкиот гол. Првото полувреме заврши со резултат 0:0.

Убава шанса во второто полувреме имаше Филип Јовановски кој шутираше за малку непрецизно покрај голот. Вардар се обидуваше со сите сили да постигне гол. Нова шанса имаше Горјан Цветков, но голманот на Фер Плеј одлично брани и не дозволува резултатот да биде отворен. Во регуларниот дел мечот заврши без голови 0:0.

Победникот беше решен дури во пенал рулетот, на кој посреќна беше екипата на Фер Плеј. Резултатот беше 4:3. Вардар промаши на два пати, односно нивниот голман ги скроти нашите удари, додека Фер Плеј само еднаш беше неприцизен при ударите од белата точка.

Одлично претставување на нашиот клуб на овој турнир во Охрид. Тренерите Кралевски, Арсовски и Петковски имаа одлично превземање на новите генерации и успешно го поминаа првиот предизвик, наречен “Фер Плеј куп“.