Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Битола со трите бода

Вардар се враќа од Битола со трите бода

Вардар се враќа со победа од Битола. Нашите момци денеска беа подобри од тимот на Победа со резултат 1-0, стрелец на голот за нашиот тим беше Фелипе во 38 минута од натпреварот. Двата стратези на денешниот натпревар се одлучија за овие 11-мина:
ПОБЕДА: 25. Талески, 3. Котески, 4. Мегленски, 6. Колевски, 8. Петревски, 9. Гешоски, 11. Карчески, 15. Крстески, 16. Дунимаглоски, 17. Илиевски, 21. Наумоски.
ВАРДАР: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 6. Грнчаров, 21. Новак, 77. Брдаровски, 8. Спировски, 16. Глигоров, 97. Петковски, 70. Фелипе, 10. Којашевиќ, 89. Боарето.

Вардар во првиот дел ја имаше контролата на играта, створи неколку добри прилики за гол. Први се заканивме во 13 минута преку Којашевиќ кој се најде сам пред противничкиот голман, но Талески беше по брз од Којашевиќ. Потоа во 22 минута одлично нафрли Којашевиќ, капитенот Грнчаров биеше со глава но во добро поставениот голман на Победа. Во 34 минута Којашевиќ имаше голема шанса. Убаво продре по страна, и од 12-сетина метри одкосо биеше со полу лоб удар но за малку крај голот. Гоооол во 38 минута! Фелипе доби топка од Којашевиќ, биеше од 22 метри и го матираше голманот на Победа за 0-1. Во 45 минута Петковски пропушти 100% шанса, излезе сам пред Талески но не го погоди голот. Крај на првиот дел 1-0 за нашиот тим.

 Нашиот тим прв се закани во 46 минута, Којашевиќ додаде до Спировски, кој упати бомба удар од 12-сетина метри но само во голманот на Победа. Во игра влезе Хамбарџумјан на местото на Петковски во 56 минута од мечот. Уште една 100% шанса за Вардар. Ново влезениот Хамбарџумјан во 61 минута продре по својата десна страна, нафрли до Боарето, кој успеа да промаши со глава од три метри. Во игра влезе и Грозданоски на местото на Љамчевски. Во 73 минута Којашевиќ се обиде со добар удар, но Талески ја одбрани таа топка. Во игра беше извршена и третата замена. На местото на Боарето во игра влезе Николов. Шансите се редеа, но без втор погодок.. Одново Којашевиќ и Грнчаров се обидоа, но ништо и од овие шанси. Крај на натпреварот. Три бода за ФК Вардар, 0-1 конечен резултат.