Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Трајчевски: Покажавме дека сме одлично подготвени како на физички така и на тактички план
Александар Трајчевски: Покажавме дека сме одлично подготвени како на физички така и на тактички план

Александар Трајчевски: Покажавме дека сме одлично подготвени како на физички така и на тактички план

  • Момците на Влатко Колев, кадетите на Вардар уште на стартот имаа тежок испит, против тимот на Академија Пандев. Нашиот тим започна лошо, но потоа следуваше добра игра на нашите играчи и два гола. Резултатот на крај гласеше 3-2 за нашиот тим, иако со играч помалку одигравме во текот на целиот втор дел. Еден од најзаслужните за победата од овој меч беше токму и капитенот Трајчевски. Александар успеа да постигне еден гол, но и да биде асистент на другите два. Трајчевски за нашиот сајт вели:

    -Првиот натпревар во сезоната е секогаш тежок особено кога се игра против ваков противник, но ние покажавме дека сме одлично подготвени како на физички така и на тактички план. И покрај тоа што поголемиот дел од натпреварот го игравме со играч помалку шефот Влатко Колев одлично ја постави играта, успеавме да створиме повеќе шанси за гол и да бидеме подобра екипа на теренот. - Изјави Трајчевски за Вардар фанс.

    Димитар Гогов