Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со еден поинаков пристап, Вардар треба да дојде до второто коло
Со еден поинаков пристап, Вардар треба да дојде до второто коло

Со еден поинаков пристап, Вардар треба да дојде до второто коло

Вардар вечерва од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува составот на Пјуник во рамките од реваншот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа.

Пред Вардарци стои комплицирана но не и толку тешка задача, со оглед на името на противникот. Црвено – црните полош натпревар од оној во Ереван пред седум дена неможат да одиграат. Со еден поинаков пристап, во стилот на една сериозна екипа која минатата сезона играла во групите од ова натпреварување, Вардар треба да одигра натпревар во своите очекувања, а тие се големи и оваа сезона, иако тимот е нов и реновиран.

Новиот предводник на Вардар, Александар Васоски, за разлика од минато неделниот почетен состав, сигурно ќе направи најмалку две измени. Едната е сосема јасна, во првиот тим ќе се најде Попзлатанов кој треба да го завземе местото на Цветаноски, а другата е кој ќе го замени Исени кој одигра лош натпревар во Ереван. Покрај овие две измени, можно е во првиот тим да има промена и во одбраната, каде Брдаровски би настапи на местото на Манев.

Можен состав: Гачевски, Брдаровски, Тошевски, Новак, Попов, Битанг, Мицевски, Најдовски, Барсегјан, Попзлатанов и Лира.