ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години од утре па до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во конкуренција на уште 10 европски селекции, македонската репрезентација пред домашната публика ќе се обиде да стигне до првото место на турнирот кое води на ЕП.
Вкупно 11-те репрезентации на ЕХФ шампионатот се поделени во две групи, а првата групна фаза ќе се игра до 26 јули. Најдобропласираните две репрезентации од секоја група, ќе вкрстат во полуфиналните средби што ќе се играат на 28 јули, додека останатите селекции ќе разигруваат за пониските места на турнирот. Финалето, мечот за третото место и сите останати натпревари за пласман се играат на 29 јули.
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде местото каде ќе се играат сите средби на турнирот, а според распоредот, дневно ќе се играат по пет натпревари, почнувајќи од 12:00 часот напладне. Репрезентацијата на Македонија својата прва средба ќе ја игра против Велика Британија утре од 20:00 часот, а пред тој натпревар ќе се одржи и кратка церемонија за отворање на ЕХФ Шампионатот. Влезот во салата за сите натпревари на турнирот ќе биде слободен. На овој турнир во црвено-жолтата селекција ќе има неколку играчи на Вардар. Списокот на ракометари кои се дел од овој шампионат може да ги погледнете ТУКА