Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Матеуш Захара го засилува Вардар
Матеуш Захара го засилува Вардар

Матеуш Захара го засилува Вардар

Вардар најде нов офанзивен играч? Според Фејсбук страната “Црвено – црно семејство”, полјакот од редовите на Висла Краков, Матеуш Захара е во Скопје каде би требало да потпише договор со нашиот тим.

Захара има 27 години, оваа сезона настапувал за тимот на Висла Краков во полската прва лига каде на 27 натпревари постигнал 4 погодоци. Овој играч во досегашната кариера има настапувано и во шампионатот на Кина. Во сезоната 2013/14, за тимот на Горник настапил на 31 натпревар во домашното првенство каде постигнал 11 погодоци.

Матеуш Захара има и два настапи за Полска. Доколку се договори со Вардар, тој ќе биде второто засилување ова лето.