Заврши настапот за генерацијата родени “2001“ година на ФК Вардар, на турнирот на пријателство, кој се игра во Блејина. Денес помладите пионери на Сашо Јанев го одиграа последниот натпревар во групната фаза, каде беа минимално поразени од екипата на Осијек со резултат 0:1. Еден од подобрите беше голманот Матеј Андов, кој одбрани уште неколку добри шанси на противникот.
На тој начин, црвено-црните го завршија учеството на овој турнир и веќе се на пат за Скопје, каде се очекува после полноќ да пристигнат. На турнирот одиграа три натпревари, на кои забележаа два порази и еден нерешен резултат. Ремизиравме во дуелот со Војводина (0:0), додека претрпевме порази од екипите на Сараево (2:0) и денес од Осијек (1:0). Со само еден освоен бод завршивме на последното место во групата, додека понатаму во полуфиналето од нашата група се пласираше екипата на Осијек. За големото финале на овој турнир ќе се борат уште и екипите на Црвена Ѕвезда, ОФК Београд и Ријека, кои завршија на првото место во својата група.