Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Анталија се работи под “полна пареа“, следен меч во сабота со руски Амкар Перм

Во Анталија се работи под “полна пареа“, следен меч во сабота со руски Амкар Перм

Момците на Гоце Седлоски вредно ги одработуваат подготовките во Анталија, денес тие веќе одржаа еден тренинг. Тимот работи жестоко подготвувајќи се за следнит тест во Турција. Веќе задутре не очекува “руска контролка“ играме со тимот на Амкар Перм.

Мечот со рускиот тим Амкар Перм е закажан за во сабота на 28-ми јануари. Ова ќе биде втор тест за црвено-црните, тие веќе имаа еден контролен натпревар. Во првиот контролен меч се сретнавме со Стеауа од Романија. Романците во истиот однесоа победа со минимални 1-0 со погодокот во вториот дел на Јаколис.

Денешен утрински тренинг

Денешен утрински тренинг

Нашиот следен противник доаѓа од најсилната руска фудбалска конкуренција, Амкар Перм есенскиот дел го заврши како шести со 27 бода и го дели само еден бод од четвртата позиција која води во квалификациите за Лига Европа што е цел на овој тим напролет. На четврто место моментално во руското првенство е Терек Грозни екипа со која ќе се сретенеме во Анталија. Амкар Перм имаат седум победи, и шест реми исходи од седумнаесет одиграни кола во есенскиот дел во домашниот шампионат. Ова е прв од трите руски тима со кои ќе играме во Анталија, мечеви имаме закажано уште со Анжи Махачкала и Терек Грозни.

Денешен утрински тренинг

Денешен утрински тренинг