Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фудбалската “Јуниор“ лига привлече многу талентирани играчи во младинските екипи на Вардар
Фудбалската “Јуниор“ лига привлече многу талентирани играчи во младинските екипи на Вардар

Фудбалската “Јуниор“ лига привлече многу талентирани играчи во младинските екипи на Вардар

Најтрофејниот клуб во Македонија и најголем спортски бренд, Вардар прв дојде до идеја да формира лига, натпреварување кое ќе ги обедини сите школи да играат меѓусебно во различни возрасни генерации и да ги покажуваат своите квалитети и талент. Веќе е втора сезона на таканаречената “Јуниор“ лига, во која се натпреваруваат девет фудбалски школи од Македонија, меѓу кои е и ФК Вардар. Уште од првата сезона ваквата лига започна да ги дава првите резултати и неколку играчи од другите школи беа препознавани како квалитетни од страна на стручните лица во Вардар и прекомандувани во младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар.

Играчи кои од Јуниот лигата преминаа во:

Вардарова генерација “2005”: Василиј Мариновски

Вардарова генерација “2004“: Марко и Матео Софијаноски

Вардаровата генерација “2003” : Филип Ѓорѓоски, Антонио Мирков, Лео Андрески, Димче Мешкоски.

Вардарова генерација “2002“:  Мартин Ѓорѓиевски, Петар Гугуљанов, Анатолиј Петејчук,

Вардарова генерација “2001“: Виктор Петковски, Михаил Ристески,

Вардарова генерација “2000“: Александар Ѓорѓиески, Давид Денковски, Филип Антовски,