Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Норвежанки ќе ни судат во Подгорицa
Норвежанки ќе ни судат во Подгорицa

Норвежанки ќе ни судат во Подгорицa

ЖРК Вардар по два месеци пауза повторно продолжува со настапи во Лигата на шампионите. Нашите девојки во новата фаза ќе влезат како првопласирана екипа со 7 освоени бодови. Одма зад нас на табелата е добро познатиот тим на Будуќност од Црна Гора. Против овој тим ќе ја отвориме новата групна фаза.

Со црногорките силите ќе ги одмериме в недела со почеток во 19 часот и 30 минути. За овој натпревар ЕХФ делегираше судиска двојка од Норвешка. Станува збор за Арнтсен и Гуро Рен. ЕХФ делега ќе биде Бебетсос од Грција.