ФК Вардар и германскиот великан Шалке 04 во своите истории се имаат сретнато на повеќе наврати. Тоа биле дуели од пријателски карактер и дуели во рамките на меѓународните купови. Неодамна Шалке о4 беше гостин на нашиот тим. Овој пат, ви носиме фотографија од 2004 година.
(Фото) Капитените на двата состава, Никола Ѓошевски и Ебе Санд пред почетокот на реванш дуелот од 3.коло од рамките на Интертото купот помеѓу Вардар и Шалке 04, одигран на 24.07.2004 година во Скопје.