Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Гордан Миленковски: Ја очекував наградата најдобар стрелец, бидејќи на турнирот дадов се од себе и одиграв најдобро што можам

Гордан Миленковски: Ја очекував наградата најдобар стрелец, бидејќи на турнирот дадов се од себе и одиграв најдобро што можам

Во првиот дел на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ се натпреваруваа генерација родени 2000/01 и 2002/03 во машка и женска конкуренција. Кај машките во генерација 2000/01 победник беше екипата на РК Филип-Вардар која во големото финале беше подобра од РК Илинден. Ова беше трето учество и за ракометната школа Илинден од Скопје која по втор пат успеа да го освои сребрениот медал. РК Илинден е предводен од поранешни и сегашни ракометни имиња, кои се обидуваат љубовта кон ракометот да ја пренасочат на голем број на деца кои се дел од нивната школа. Двоецот Дарко и Александра Јанев создаваат екипи кои секоја година се на врвот, како на споменатиот турнир, така и во “Јуниор“ лигата. За впечатоците од изминатиот турнир можете да прочитате од нивниот член, Гордан Миленковски кој е еден од лидерите на оваа генерација.

-На турнирот “еден живот една љубов” учествуваме по трет пат. Во 2016 година исто така го освоивме второто место. Што се однесува до овогодинешниот турнир искрено очекував да се најдеме меѓу 3-те најдобри екипи, иако минатата година многу деца од нашиот клуб отидоа во редовите на Вардар. Нашите тренери Александра и Дарко Јанев беа речиси сигурно дека ке го освоивме турнирот што ни даваше мотив повеќе да играме, за да не ги разочараме. На терен покажавме одлична игра која се должи на напорните тренинзи.

15941418_1218793451500832_3009564886582186882_n

Вардар ги нуди сите услови кои се неопходни за перфектна организација на турнирот, кој по трет пат успешно се изведуваше во неколку сали во Скопје.

-Што се однесува до организацијата на турнирот неможам да се пожалам се беше одлично. Малку беше напорно бидејќи се играа пет натпревари во два дена, но така стануваме подобри. За резултатот што го постигнавме на турнирот задоволен сум, но секогаш може подобро. Во финалниот натпревар се сретнавме со екипата на РК Филип од Прилеп кои се покажаа како подобри и заслужено го освоија турнирот.Од почетокот претпоставував дека во финалето ке играме со РК Филип кои беа фаворити и се на врвот на табелата во јуниор лигата.

Наградата за најдобар стрелец во оваа генерација му припадна токму на Гордан Миленковски кој на целокупниот турнир постигна 27 голови.

-Оваа година бев прогласен за најдобар стрелец. Искрено очекував бидејќи на турнирот дадов се од себе и одиграв најдобро што можам. Благодарен сум на моите соиграчи кои ми помогнаа во тоа и на моите тренери кои ме мотивираа.

Поради настап во кадетската и младинската лига, РК Илинден не се натпреварува со оваа генерација во Јуниор“ лигата, но затоа тука се помладите кои ќе атакуваат на врвот.

-Оваа година нашата екипа не учествува во “Јуниор лигата“, но се надевам дека помладите, односно 2002/2003 ке успеат да дојдат до медал.

Звонко Ивановски