Наскоро повторно на сцената ќе бидат клубските натпревари во ракометна Европа. Прв предизвик на домашен терен за ракометниот клуб Вардар во новата 2017 година е мечот од регионалната СЕХА лига со хрватскиот вицепрвак Нексе. Ние нив ги пречекуваме на 2-ри фебруари во спортскиот центар “Јане Сандански“. За овој меч во регионалното натпреварување веќе се пуштени во продажба билетите. Во продолжение информација за истите:
Сите кои што сакаат да го следат натпреварот против екипата на РК Нексе можат да купат билет на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 до 18 часот, или пак онлајн на www.ticketplus.mk Цената на билетот е 50 денари.
Повеќе информации може да се добијат и на: Е-маил: info@ticketplus.mk. тел: + 389 2 401 980
Сите што имаат купено сезонски билети за РК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на сезонската картичка