Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2009 се врати на победите, втор последователен пораз за генерација 2008 во Регионалната Скопска Лига
Генерацијата 2009 се врати на победите, втор последователен пораз за генерација 2008 во Регионалната Скопска Лига

Генерацијата 2009 се врати на победите, втор последователен пораз за генерација 2008 во Регионалната Скопска Лига

Победа за генерација 2009, пораз за генерација 2008, на натпреварите од 9.коло во Регионалната Скопска Лига против екипата на Милано. Денес нашите генерации гостуваа во Куманово, натпревари на кои остварија половичен успех.

Помладите петлиња на Вардар се вратија на победите во Регионалната Скопска Лига.Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Куманово, меѓу екипите на Милано и Вардар, заврши со наш триумф со резултат 0:2 (0:1).

Избраниците на Златко Тасевски одиграа добар натпревар и заслужено на крајот стигнаа до победа. Се играше 13.минута од натпреварот кога после центар шут од корнер, Павел Котески Митровски беше играчот кој се најде на вистинското место, биеше со нога погодувајќи ја противничката мрежа за водство од 0:1. Во овој дел од натпреварот имавме уште неколку обиди, но ништо посериозно кон голот.

Во вториот дел од натпреварот и двете екипи го погодија дирекот од голот. Милано имаше можност од слободен удар да намали, но топката ја погоди пречката, додека и ние возвративме, но немавме среќа. Во 63 минута, точка на победата со својот прв гол денес Матеј Ристевски кој ни донесе предност од 0:2.

Вардар: Лука Грчевски, Даниел Колевски (К), Даријан Величковски, Максим Дошев, Павел Котески-Митровски, Алек Чедомирски, Матеј Николов, Матеј Ристевски, Давид Колевски, Лука Галевски и Мартин Смиљков.

Втор последователен пораз за генерацијата 2008 во Регионалната Скопска Лига.

Избраниците на Влатко Колев иако први успеаа да го отворат резултатот, сепак на крајот останаа без бодови од ова гостување. Во 15.минута од натпреварот, Петар Блажевски успеа да ни донесе предност од 0:1, но во 28.минута екипата на Милано успеа да врати и да го израмни резултатот на 1:1

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, сепак противникот ја искористи својата, со гол во 60 минута успеа да поведе со 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен на натпреварот од 9.коло во Регионалната Скопска Лига.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Ендрит Кадрији и Беким Дарлишта.

Играа уште и Омер Идризи и Дамјан Блажев.