Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прв пораз сезонава за ФК Вардар (2) генер. 2007, додека Вардар (1) забележа висока победа
Прв пораз сезонава за ФК Вардар (2) генер. 2007, додека Вардар (1) забележа висока победа

Прв пораз сезонава за ФК Вардар (2) генер. 2007, додека Вардар (1) забележа висока победа

Генерацијата на ФК Вардар родени 2007 година го доживеаа првиот пораз оваа сезона во детската фудбалска лига. Избраниците на Филип Спасевски на терените на ФФМ одиграа два натпревари, на кои забележаа по една победа и пораз.

Вардар (2) за жал го загуби мечот од екипата на Куманово, со резултат 1:2, кој беше актуелен и на полувреме. На почетокот од мечот примивме два гола, кои на крајот се покажаа како решавачки за првиот неуспех оваа сезона. Вардарци напаѓаа до крајот на мечот, но не успеаа да го избегнат поразот, иако имавме свои шанси за погодок, само една реализиравме преку Михаил Јорданоски, кој ги постави конечните 1:2 на овој натпревар.

Вардар (1) пак беше сигурен и оствари триумф на дуелот со екипата на Еуроспорт, со конечни 4:1. По првото полувреме, Вардар беше во водство од 2:1. Два гола во победата постигна Александар Грашески, додека по еден беа дело на Стефан Младеновски и Емир Шаботиќ.