Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Половичен успех за младинските екипи на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Работнички
Половичен успех за младинските екипи на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Работнички

Половичен успех за младинските екипи на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Работнички

Изминатиов викенд на програмата беше 4. коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардар за противник го имаше тимот на Работнички, против кој забележавме две победи и два порази. Пионерите и младинците триумфираа, додека порази претпреа помладите пионери и кадетите на Вардар.

После три последователни победи во дебитантската сезона во првенството за помладите пионери на Вардар, стигна и првиот пораз и тоа на гостувањето против еден од конкурентите за освојување на шампионската титула. Иако Вардар имаше повеќе шанси на градското дерби, сепак изостана конечната реализиција, а тоа на најдобар можен начин го искористи домашниот тим кој успеа да казни и да постигне еден гол во нашата мрежа, што на крајот се покажа и како доволен за освојување на трите бодови.

Пионерите на најдобар можен начин се вратија на победите во лигата, што е психолошки стимул за избраниците на Кралевски, во продолжение од есенскиот дел од сезоната. Совладани беа врсниците од екипата на Работнички и тоа на теренот, каде е многу тешко да се освојат бодови, сепак тоа му успеа на Вардар кој повеќе од заслужено славеше со резултат 1:3. Азер Омерагиќ покажа дека оваа сезона ќе биде најголемата опасност по противничките голови, постигнувајќи го водечкиот гол на мечот. Тимот на Работнички успеа да израмни, но во вториот дел победата ја донесоа Филип Андоновски и Мартин Радуловиќ-Величковиќ, за голема победа и враќање на Вардар кон врвот на табелата.

Кадетите не успеаа да стигнат до бодови, во градското дерби против врсниците од Работнички, кои се покажаа како поцврсти и подобри на овој меч, иако Вардар беше без Андоновски и Ѓурковски на овој дуел. По еден гол во двете полувремиња, за конечен резултат од 0:2 во корист на гостинската екипа.

Младинците на Вардар стигнаа и до третата победа во новота сезона, откако на домашен терен ја победија екипата на Работнички. Заслужена победа за вардаровите младиниц, кои славеа со резултат 2:1. Џелал Ибиши и Давид Велковски донесоа предност од 2:0, за Работнички во последната минута од првиот дел да го намали резултатот на 2:1, што беше и конечен резултат на овој натпревар. На тој начин избраниците на Андовски на успешен начин се вратија на мечевите од лигата, откако го загубија дербито на гостувањето во Тетово.